Фото/Илустрација: Пикселс

Русија и Украина денеска извршија размена на воени заробеници, при што двете страни ослободија по 200 војници, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека 200 руски војници биле вратени од територијата под контрола на украинските власти, додека во замена биле предадени 200 украински воени заробеници.

Според руското Министерство, ослободените руски војници моментално се наоѓаат во Белорусија, каде што добиваат медицинска и психолошка помош.

По завршувањето на првичната грижа, тие ќе бидат префрлени во Русија, каде што ќе продолжат со лекување и рехабилитација во медицински установи на Министерството за одбрана.

Руските медиуми наведуваат дека во процесот на размена посредувале САД и Обединетите Арапски Емирати.