Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, е „дефинирачки момент во историјата на Иран“.
– Она што следи е неизвесно. Но, сега постои отворен пат кон поинаков Иран, таков каков што неговиот народ може да има поголема слобода да го обликува – напиша Калас на Х, пренесе МИА.
Таа напиша дека е во контакт со партнерите.
– Во контакт сум со партнерите, вклучително и оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени акции, за да најдеме практични чекори за деескалација – додаде таа.































