Фото: Доналд Трамп/Фејсбук профил

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел, пренесува МИА.

– Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно. Подобро да не го прават тоа. Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена! напиша Трамп на Трут Социал (Truth Social).

Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.

Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.