Фото: Маја Јаневска-Илиева

Со 63 гласа „за“, седум „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија.

По гласањето, Наумовски во Собранието даде и потпиша свечена изјава, со која се обврза дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно, во согласност со Уставот и законите, пренесува МИА.

На денешната 85-та седница, без расправа, пратениците со 68 гласа „за“ и без ниту еден „против“ или „воздржан“ ја усвоија и Одлуката за давање овластување за склучување на поединечен колективен договор, поднесена од претседателот на Собранието, Африм Гаши.