Никогаш нема да дозволам да се загрози безбедноста во ниту еден град во Македонија со поставување, разрешување, додавање, одземање или какви било друго реорганзирање на внатрашните структури на МВР – порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Одговорајќи на пратенилко прашање, Тошковски истакна дека во изминатите речиси две години безбедноста на граѓаните е многу подобена, особено ако се земат предвид бројките за вкупен кримианлитет кои, како што напомена, се најдобри во последните 20 години.
Министерот информира и дека се уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација.
-Полициските станици во Дебар, Струмица, Штип, Сарај, Илинден ќе работат според закон и систематизација. Нова систематизација се уште не е предложена до Владата од МВР и Владата нема усвоено нова систматизација за работењето на МВР. Откако ќе биде изготвена нова систематизација од страна на службите во МВР, ќе биде предложена до Владата и Владата кога ќе ја усвои, ќе продолжиме да ја имплементираме. Се што сторивме изминатите 1,5 – 2 години зборуваат дека безбедноста на гараѓаните е далеку подобена во споредба со претходно, особено ако се земат предвид бројките за вкупен кримианлитет. Бројките се најдобри во последните 20 години – подвлече Тошковски.
































