Фото: МИА

Намалувањето на сивата економија останува еден од главните приоритети – потенцира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа преку својот фејсбук профил порачува дека воведувањето е-фактура, поврзувањето на институционалните системи, дигитализацијата на УЈП и Царината се дел од конкретните чекори што ќе овозможат поефикасна контрола и правичен даночен систем.

-Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во кои правилата важат за сите, а системот функционира транспарентн – наведува министерката.