Фото: Маја Јаневска-Илиева

Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Онаму каде што паѓа снег континуирано се чисти со координирани активности на ЈП „Македонијапат“ во соработка со Министерството за транспорт.

Како што информираат од Министерството за транспорт, екипите на ЈП „Македонијапат“ се целосно екипирани и со цела механизација и работна сила на терен вршат континуирано чистење на државните патишта.

Се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособена брзина во согласност со условите на патните правци.

– Во текот на целиот ден остануваме на терен со цел што понепречено и безбедно одвивање на сообраќајот – велат од Министерството за транспорт.