фото: Маја Јаневска - Илиева

Центарот за управување со кризи вечерва информира за тешко проодни патни правци во западниот дел на државата. На Единствениот повикувачки број 112 пријавени се повеќе случаи на заглавени возила и едно излетување од пат.

– По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на државата – информира ЦУК.

Центарот за управување со кризи ги повикува граѓаните да ги следат препораките на надлежните служби, а за навремена помош и пријава на опасности или итни ситуации да го користат Единствениот број за итни повици 112.