Фото: Пекселс

На патниот правец Елбасан-Пеќин во Албанија, на цистерна со гас со македонски регистарски ознаки, избувнал пожар, но за среќа без поголеми последици.

– Инцидентот е регистриран вчера попладне кога поради технички дефект избувнал пожар во гума на возило цистерна, управувано од македонскиот државјанин И.П.(33). Како последица на тоа, оштетена се само гумите на возилото – стои во полициското соопштение.

Се додава дека за среќа немало експлозија бидејќи последиците можеле да бидат трагични.

На местото на настанот веднаш пристригнало и противпожарно возило.