Федерика Могерини, поранешната висока претставничка на ЕУ, поднесе оставка од функцијата ректор на Колеџот на Европа откако беше осомничена во истрага за измама во која беа вклучени Колеџот на Европа и Службата за надворешна акција на ЕУ.
– Во согласност со највисоките стандарди на строгост и праведност со кои отсекогаш ги извршував моите должности, денеска одлучив да поднесам оставка од функцијата ректор – изјави Могерини по состанокот на Извршниот одбор на Колеџот.
Изјавата дојде еден ден откако високиот функционер на ЕУ, Стефано Санино, кој е исто така под сомнение, објави дека ќе се пензионира на крајот на декември. Тој е директор на Генералниот директорат на Комисијата за Блискиот Исток, Северна Африка и Заливот.



































