Фото: ЕПА

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека неговите повеќечасовни разговори со францускиот претседател Емануел Макрон биле фокусирани на изнаоѓање начин за завршување на војната, нагласувајќи дека мирот во Украина мора да биде навистина траен.

– Војната мора да заврши што е можно побрзо. Многу зависи од ангажманот на секој лидер. Денеска ќе разговараме и со други лидери – напиша Зеленски во објава на Икс.

Зеленски денеска престојува во Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон.