Проект „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“

Димитрија Чуповски е личност која во македонската национална историја остави вечна и неизбришлива трага. Чуповски како општествен деец, револуционер, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог е еден од најдоследните афирматори на македонската национална мисла, бранител на македонските национални особености и политички интереси кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век.

Од денешна перспектива, доколку се земат предвид постојните негирања на македонските особености – јазик, историја, култура итн., активностите на Димитрија Чуповски имаат уште поголемо значење, затоа што тој во еден од најкритичните моменти на Македонија и македонскиот народ, многу кристално јасно ги заштитуваше и промовираше македонските политички и национални интереси пред светот. Дејноста на Чуповски е тесно поврзана со Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и издавањето на списанието „Македонски глас“, списание кое ја пропагираше идејата за самобитна Македонија. Чуповски е творец и на првата карта на Македонија во боја и на македонски јазик, карта која јасно ги оцртува етничките граници на Македонија.


Гласот на Рацин: поет, борец и чувар на македонската посебност и идентитет
Петар Поп Арсов – афирматор на културното и духовното издигнување на македонскиот народ, македонската самобитност и литературен јазик
Панко Брашнаров – револуционерот кој го посвети животот за политичко и национално ослободување на Македонија
Ѓорѓија Пулевски – еден од највеликите бранители на македонштината
Коле Неделковски – поетот револуционер чиј глас сè уште одекнува
Христо Татарчев – основач и визионер на македонското револуционерно движење
Мирка Гинова – учителка, револуционерка и народна хероина
Mисирков – меѓу перото, јазикот и идејата за самостојна Македонија 
Питу – симболот на континуитетот на отпорот и идеалот за слободна Македонија
Дамјан Груев – волјата на револуционерна Македонија
„Нова Македонија“ ги „оживува“ зборовите на Ченто
Димитар Богоевски–Мите во песната „Триесет и девет минаја“ го претставува континуитетот на илинденската традиција
Јане Сандански: Чист став за националната, политичката, културната и духовната посебност на Македонија
ГЕНЕРАЛ АПОСТОЛСКИ: Не ни требате, му реков на бугарскиот командант кој не ја минуваше Пчиња, длабока до колена
Проект на „Нова Македонија“: Гласот на револуционерите повторно се слуша!