Фото: ВШК Скопје 72
ВЕТЕРАНСКИ ШАХОВСКИ ФЕСТИВАЛ, ПЕТТО КОЛО

Про­дол­жу­ва­ат воз­бу­ду­ва­ња­та на тре­ти­от и пос­ле­ден тур­нир во кла­си­чен шах на ве­те­ран­ски­от ша­хов­ски фе­сти­вал на­ре­чен „Не­за­бо­рав за хе­ро­и­те 1941-1944“, во ор­га­ни­за­ци­ја на ШКВ Скоп­је 72, во про­сто­ри­и­те на ШК Ал­ка­ло­ид. 

На пр­ва­та таб­ла пре­ам­би­ци­оз­ни­от на­пад на до­то­гаш во­деч­ки­от Бо­рис Ја­нев­ски (1.771 реј­тинг-по­е­ни) по Х-ли­ни­ја­та, искус­ни­от ФМ Ја­ни Бо­го­ев­ски (2.144, ран­ги­ран прв) го ур­на со по­те­гот Тх8. Ин­те­рес­на за­врш­ни­ца на топ и ло­вец про­тив топ и ло­вец, но раз­но­бој­ни, оди­граа Ата­нас Та­шев­ски (1.893) и Зо­ран Ко­ста­ди­нов­ски (1.877). Се по­твр­ди мис­ла­та на Бо­тви­ник де­ка стра­на­та што на­па­ѓа има фи­гу­ра по­ве­ќе. Во овој слу­чај тоа бе­ше Та­шев­ски. Илија Стошевски (2045), со бели фигури уште во отварањето стекна предност против Слободан Цветковски (1.825), која на крајот се покажа и како решавачка за нова победа на ланскиот лауреат.  

Што зна­чат искус­тво­то и по­ста­ву­ва­ње­то проб­ле­ми та­му ка­де што ги не­ма, по­ка­жа ФМ Ата­нас Кра­лев­ски (1.982). Во ед­на­ква за­врш­ни­ца на по шест пи­о­ни и исто­бо­ен ло­вец, Кра­лев­ски со ма­не­ври­ра­ње на ло­ве­цот пра­ктич­но го на­те­ра То­дор Ан­до­нов (2.076) да згре­ши. То­мис­лав Го­лу­бо­виќ (1.757) со по­бе­да­та над ФМ Ка­ча­ков­ски (1.982) по­ка­жа де­ка про­тив не­го мо­ра да се игра вни­ма­тел­но, иа­ко не­го­ви­от реј­тинг не го збо­ру­ва тоа.

ШКВ Скоп­је 72 и На­ци­о­нал­на­та спорт­ска фе­де­ра­ци­ја на сле­пи и сла­бо­вид­ни ли­ца на Ма­ке­до­ни­ја има­ат пот­пи­ша­но ме­мо­ран­дум за со­ра­бо­тка, а по­те­гот на ор­га­ни­за­то­рот да по­ка­ни че­тво­ри­ца ша­хи­сти од Фе­де­ра­ци­ја­та на сле­пи и сла­бо­вид­ни ли­ца се по­ка­жа ка­ко до­бар. Со ре­ми­то про­тив искус­ни­от ФМ Љу­бо­мир Ха­џи-Ма­нев (1.965), Бла­же Ата­на­сов­ски (1.826) по­ка­жа де­ка е цврст по­зи­ци­ски играч. На две ко­ла до кра­јот на тур­ни­рот, на кој игра­ат 20 ша­хи­сти не помлади од 60 години, Кра­лев­ски, Бо­го­ев­ски и Сто­шев­ски во­дат со по че­ти­ри по­е­ни. 
 Г.И.