Фото: Принтскрин/Илустрација

Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот денес одржуваат протест пред зградата на Генералштабот, со порака дека ќе го бранат со своите тела симболот на Белград од најавеното рушење поради изградба на хотел „Трамп“.

Учесниците во протестниот марш направија жив ѕид и црвена линија околу објектот.

Студентите истакнаа дека ова е само еден од предупредувачките протести, доколку владата не престане со идејата за уривањето на зградата.

Протестот е всушност прошетка што ќе започне од неколку точки и ќе трае неколку часа, велат тие и најавија дека предупредувачкиот протест ќе заврши со 17-минутен молк, 16 минути за оние што загинаа при падот на настрешницата на железничката станица, а уште една минута за сите што беа убиени за време на бомбардирањето на НАТО.

Властите во Србија најавија дека ќе се реализира проект за рушење на овој објект, делумно разрушен за време на НАТО-бомбардирањата во 1999 година, за кој интерес пројавил зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џеред Кушнер, да гради хотел.