Во потрага по подобрување на машкото здравје и сексуалната енергија, многумина се вртат кон природни решенија, кои не носат ризик од несакани ефекти како што често прават синтетичките лекови. Еден од најпознатите древни природни стимулатори е ѓумбирот – растение што се користи со векови во традиционалната медицина низ светот. Познат по своите лековити својства против настинка, мачнини и хипертензија, ѓумбирот сѐ повеќе се истакнува како моќен афродизијак што природно ја подобрува циркулацијата, ја продолжува машката потенција и придонесува за подобар сексуален живот, особено при проблеми како еректилната дисфункција.
Луѓето го користат ѓумбирот илјадници години, сепак, ништо не му донело таква популарност како неговото дејство врз машката сексуалност. Ѓумбирот обично се користи како стимулатор на циркулацијата кај постарите мажи, бидејќи го зголемува протокот на крв. Кога се зборува за лекување на еректилната дисфункција, прво на што се помислува е употребата на вијагра или слични лекови. Дури и ако конвенционалните лекови можат да помогнат, тие имаат и несакани ефекти, поради што многу мажи се свртуваат кон природни алтернативи како ѓумбирот, кој го стимулира производството на тестостерон. Ниско ниво на тестостерон може да влијае на слаба сексуална желба, а ѓумбирот потенцијално може да го зголеми нивото на овој хормон. Според Американскиот национален институт за здравје, ѓумбирот го зголемува нивото на тестостерон со тоа што го зајакнува производството на хормони од хипофизата и го зголемува нивото на холестерол во тестисите. Другите предности од употребата на ѓумбирот вклучуваат намалување на оксидативниот стрес, контрола на шеќерот во крвта и зголемување на протокот на крв, а како резултат на тоа се јавува повисоко ниво на тестостерон.


































