Истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат претреси на повеќе локации низ државата поради сомнежи за корупција – информираат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
-Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата – велат од ОЈО ГОКК.
Претресите, како што додаваат, се поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.




































