Во Централниот штаб на коалицијата ВРЕДИ на прес-конференција, портпаролот Дритон Сулејмани го сумираше изборниот ден. Тој посочи дека процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини.
-Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност. ВЛЕН изразува благодарност до сите граѓани кои денес го остварија своето избирачко право мирно и достоинствено, покажувајќи на тој начин висока демократска култура – истакна Сулејмани.
Тој рече дека очекуваат од Државната изборна комисија фазата на затворање и броење на гласовите да го спроведе како и во првиот круг, со целосна транспарентност, точност и професионализам, во согласност со законот и со волјата на граѓаните.
-Според нашите информации од теренот, кандидатите на коалицијата ВЛЕН добија широка поддршка во сите општини каде што настапуваат и очекуваме резултати кои ќе ја потврдат таа доверба. ВЛЕН ќе продолжи внимателно да го следи процесот до објавувањето на конечните резултати и останува посветен на фер избори, почитување на секој глас и зајакнување на довербата во демократските процеси – истакна Сулејмани.
Тој најави и нови прес-конфренции во наредните часови на кои ќе се објавуваат и првичните резултати.

































