Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Кина да му помогне на Вашингтон во односите со Русија.
-Би сакал Кина да ни помогне со Русија. Би сакал да видам како Кина ни помага – рече тој во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.
Американскиот претседател ги даде изјавите на пат кон Малезија, каде што се одржува регионален самит, и од каде ја почнува петдневната посета на Малезија, Јапонија и Јужна Кореја.
Освен за ситуацијата во Украина, американската делегација планира и разговори за трговските односи на САД со големите економски сили како Бразил и Кина, особено со Пекинг, во очекување на средба со кинескиот лидер Си Џинпинг, објави светската новинска агенција Ројтерс.




































