• Првиот македонски свештенички собир не е само историски чин, тој е симболичка матрица преку која се читаат идеи за автономија, јазична и културна валидност и поврзување на духовното со националното. Неговото значење за македонскиот народ и за неговата црква се согласува во една поента: дека духовниот живот може да биде и место на отпор, и простор на идентификација, и темел врз кој се гради колективната самосвест

Во селото Издеглавје, во Дебарца, се одбележуваа 82 години од Првиот македонски свештенички собир — историски настан што го означи почетокот на возобновувањето на Охридската архиепископија преку создавањето на Македонската православна црква.

На 21 октомври 1943 година, во услови на војна и окупација, македонското свештенство самостојно го презеде управувањето со црковниот живот во земјата. На собирот беше отфрлена секоја јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата во Македонија, а за првпат во црковната администрација беше воведен македонскиот јазик.

Првиот македонски свештенички собир одржан на 21 октомври 1943 година во селото Издеглавје во Дебарца е критична пресвртница во возобновување на црковниот и националниот идентитет во Македонија.

Во време на воените превирања и окупации, свештенството се собра за да донесе одлуки кои ќе ја одделат судбината на македонската црква од надворешни јурисдикции и ќе ја насочат кон распоредување на црковниот живот според интересите на македонскиот народ. Собирот формално отфрли секоја власт на туѓи цркви врз територијата и постави основи за понатамошни обиди за обновување на афтономните црковни структури во Македонија.

Собирот ја означи еманципацијата на црквата како институција која може да дејствува во служба на македонскиот национален интерес, наместо како продолжение на странска црковна власт.

Истовремено, воведувањето на македонскиот јазик во црковната практика и администрација беше чин на културно потврдување и враќање на верската служба во рамките на народниот живот.

Од друга страна, поддршката или позицијата на свештенството кон македонските национални стремежи ја поврзаа духовната сфера со антифашистичкото движење во овој тежок историски момент за Македонците.

Не смееме да забораваме дека одлуката за независност од надворешни црковни јурисдикции ја симболизира и преродба во духовен и културен смисол. Тоа е наратив на продолжение од Охридската традиција кон нова историска фаза во која црквата повторно е дел од македонската историско битисување. Д.Ст.