Нега и убавина

Нема гаранции дека кремовите, козметичките третмани и разните модерни методи во борбата против брчките ќе ги дадат посакуваните резултати. Наместо да трошите време и пари на производи и третмани против стареење, можете да направите домашна маска, со која ќе добиете подобри резултати и од третманите со ботокс.
Оваа маска е одлична за сите типови на кожа и ќе направи вашето лице и врат да бидат нахранети и мазни. Таа се прави од природни состојки, а со редовна примена за десетина дена ќе видите резултати.
Состојки: 1/3 чаша гел од алое вера, 1 лажица бадемово или маслиново масло, 1 жолчка, 1 лажица мед, 2 лажици вазелин.
Приготвување: Вазелинот растопете го во сад на умерена топлина. Додајте ги гелот од алое вера, жолчката, медот и маслото. Мешајте додека се соединат сите состојки. Маската нанесувајте ја со лесни движења, масирајќи ги лицето, вратот и деколтето, па оставете ја 20 минути.
Маската можете да ја нанесете на лицето два часа пред спиење. Чувајте ја во фрижидер.