Фото: ЕПА

Цената на златото порасна шести пат по ред и достигна нов рекорд од 3.895 долари за унца, бидејќи запирањето на работата на американската влада го зголеми интересот на инвеститорите за безбедни прибежишта.

На скокот на цената влијаеја и релативно лошите податоци за вработеноста, кои ги засилија очекувањата за намалување на каматните стапки на американските Федерални резерви (FED) – пренесе „Трејдинг Економикс“ (Trading Economics).

Запирањето на работата на американската влада се заканува да го одложи објавувањето и на клучните економски податоци, вклучувајќи ги податоците за вработените, кои првично требаше да бидат објавени утре.