Поч­ну­ва нај­но­во­то из­да­ние на „Ма­ал­ски фе­сти­вал 4.0“, кој ќе трае до 27 сеп­тем­ври 2025 го­ди­на, на по­ве­ќе ло­ка­ции во оп­шти­на­та Цен­тар: во КСП „Цен­тар–Ја­дро“, Пар­кот на фран­ко­фо­ни­ја­та, Бо­ем­ска 2 и При­ро­до­на­уч­ни­от му­зеј.

Го­ди­наш­но­то из­да­ние на фе­сти­ва­лот е во ду­хот на со­ли­дар­но­ста и со­седс­тво­то.
– Фе­сти­ва­лот го отво­ра­ме со ма­ал­ско ме­зе, од 17.30 ча­сот на Бо­ем­ска 2. Дој­де­те на на­ша­та ра­дос­на тр­пе­за, за­дол­жи­тел­но по­не­се­те до­бро рас­по­ло­же­ние и не­кој до­ма­шен спе­ци­ја­ли­тет што ед­но­став­но мо­ра да го спо­де­ли­те со нас – из­ја­ву­ва­ат од „Ја­дро“.

Во КСП „Цен­тар–Ја­дро“ де­не­ска во 20 ча­сот ќе има из­лож­ба на гер­ман­ска­та умет­ни­ца и фо­то­гра­фка Фран­ци­ска Кло­зе и из­лож­ба и пре­зен­та­ци­ја на фе­сти­ва­лот „Остен“ од Би­тер­фелд-Вол­фен, Гер­ма­ни­ја. Фран­ци­ска Кло­зе од 2010 го­ди­на ра­бо­ти на по­стин­ду­стри­ски пре­де­ли во при­ро­ден и кул­тур­но-исто­ри­ски кон­текст. Таа соз­да­ва фо­то­гра­фии, умет­нич­ки кни­ги и звуч­ни за­пи­си од те­рен.

Ве­чер­ва во 21.30 ча­сот на­ста­пу­ва­ат „Ка­ли­ко“ и „Кор­ка“, два све­жи и ал­тер­на­тив­ни ма­ке­дон­ски бен­да. Кон­цер­тот, ка­ко и це­лос­на­та фе­сти­вал­ска про­гра­ма, има ху­ма­ни­та­рен ка­ра­ктер. Си­те средс­тва со­бра­ни за вре­ме на фе­сти­вал­ски­те де­но­ви ќе би­дат до­ста­ве­ни до ини­ци­ја­ти­ва­та „Су­порт Ко­ча­ни“.

Ка­ко дел од про­гра­ма­та се ре­а­ли­зи­ра­ат ра­бо­тил­ни­ца за ама­тер­ски филм „Са­мо сни­ми“ со Ја­не Ал­ти­пар­ма­ков и ра­бо­тил­ни­ца за кре­а­тив­но пи­шу­ва­ње „При­каз­ни од при­ро­до­на­у­чен“ со Ма­ри­ја Бо­шков­ска, ка­ко и ра­бо­тил­ни­ца за ко­сти­ми од кар­тон „Жи­во­тин­ски ко­стим – чу­ва­ри на при­ро­да­та“ со До­ро­теј Не­шков­ски и Ана Трај­ков­ска. Ра­бо­тил­ни­ца­та за изра­бо­тка на сѐ и се­што во ма­а­ло плус сам свој точ­кар, под водс­тво на Ни­ко­ла Пи­са­рев и Оз­бек Ај­ваз, е за­ка­жа­на за де­не­ска и утре во Пар­кот на фран­ко­фо­ни­ја­та, ка­ко и ра­бо­тил­ни­ца­та „Обо­е­ни при­каз­ни“ за изра­бо­тка на му­рал со умет­ни­ца­та Зо­ри­ца За­фи­ров­ска ка­ко мен­тор.

В са­бо­та во 11 ча­сот на Бо­ем­ска 2 ка­де ќе има ма­ал­ски ба­зар на ар­ти­за­ни и мал са­ем на кни­ги, а во 12 ча­сот ќе се одр­жи и ра­бо­тил­ни­ца за изра­бо­тка на чуд­ноз­вуч­ни ин­стру­мен­ти, ко­ја ќе кул­ми­ни­ра со ве­сел кон­церт на ма­ли­от ор­ке­стар „Чуд­ноз­вуч­ни ин­стру­мен­ти“.

Во КСП „Цен­тар–Ја­дро“, Ви­о­ле­та Ка­ча­ко­ва и Ро­берт Ала­ѓо­зов­ски ќе ја во­дат ра­бо­тил­ни­ца­та за кул­ту­рен ме­наџ­мент в са­бо­та од 12 до 16 ча­сот.
– Ве­чер­та од 19 ча­сот ќе мо­же да се прос­ле­ди на екс­пе­ри­мен­тал­ни­от ви­де­о­те­а­тар­ски дип­тих KRIEG / A-C-I-N-S-E-L-A-K, кој за прв­пат ќе би­де при­ка­жан пред ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка. По про­ек­ци­ја­та сле­ду­ва ин­те­ра­ктив­на ди­ску­си­ја. Две­те де­ла – „ма­шка“ и „жен­ска“ вер­зи­ја – пре­ку ог­ле­дал­ни дејс­тва ги истра­жу­ва­ат те­ми­те на вој­на­та, те­лес­на­та и ду­хов­на­та аго­ни­ја, хе­ро­из­мот и стра­да­ње­то. Автор и ре­жи­сер е Иван­ка Апо­сто­ло­ва Ба­скар, со учес­тво на акте­ри­те Здра­вко Стој­ми­ров и Фи­ла­ре­та Ата­на­со­ва – ин­фор­ми­ра­ат од „Ја­дро“.

Во „Ја­дро“, со по­че­ток во 21.30 ча­сот, ќе мо­же да се прос­ле­дат ама­тер­ски­те фил­мо­ви на­пра­ве­ни за вре­ме на ра­бо­тил­ни­ца­та „Са­мо сни­ми“. Кра­јот на филм­ска­та ве­чер е ре­зер­ви­ран за ани­ми­ра­ни­те фил­мо­ви на мла­да­та ре­жи­сер­ка Ема За­фи­ров­ска. Ма­ал­ска­та за­ба­ва ќе за­вр­ши со бен­дот „Го­ле­ма­та во­да“ и ди­џе­јот Бо­ри­јан.