Фото: Пиксабеј

Свинската маст често е неправедно занемарена, и од традиционалистите и од нутриционистите што се залагаат за готвење со масло… Сепак, ако сакате крцкави кори и златно-кафеави компири, тогаш најдобро е да користите свинска маст за готвење. Интересно е што студиите за исхрана покажуваат дека свинската маст содржи 33 проценти помалку заситени (лоши) масти од путерот, двојно повеќе таканаречени мононезаситени (добри), како и тројно повеќе омега 3 масни киселини во споредба со растителните масла. Таа има неутрален вкус и можете да ја користите за готвење, пржење или печење наместо путер или други масти, како што се маслиновото или други масла.

Хемискиот состав ја прави свинската маст идеална за правење одлична крцкава пржена храна, како морска храна или риба. Исто така, таа е одлична за постигнување совршена кора за пити, а многу луѓе сè уште сакаат да ја премачкуваат на леб како мачканица.

Поради високата содржина на холестерол, дефинитивно постојат некои здравствени проблеми поврзани со консумирање премногу масти. Но, свинската маст е поздрава од хидрогенизираните растителни масла, како на пример маслиновото масло. Имено, свинската маст е добра за термичка обработка бидејќи не ја менува значително својата молекуларна структура кога се загрева, а токму тоа се случува со растителните масла, и тука лежи објаснувањето за нивната штетност по здравјето. Не може да се негира фактот дека мастите се масти. И како и сите масти, тие се неверојатно калорични. Свинската маст е исто така извор на холестерол. Но, што се однесува до мастите, тие се далеку од најлошиот избор. Исто така, чистата свинска маст не содржи никакви трансмасти, што е значајна придобивка за здравјето на луѓето.