АТЛЕТИКА
- Вчера на програмата беше последниот натпреварувачки ден на СП 2025 во Токио, проследено на моменти со силен дожд, кој ги попречуваше натпреварувачите
Кенискиот атлетичар Емануел Вањони го освои златниот медал во трката на 800 метри со нов рекорд на мундијалите од 1:41.86 минути, на претпоследниот ден на Светското првенство (СП) во атлетика што се одржува во Токио (Јапонија), кое донесе многу возбудувања и неизвесности во борбата со времињата и за медалите, како и во изминатите денови.
Американската атлетичарка Ана Хол го освои златото во женскиот седмобој. Таа освои 6.888 поени во седум различни дисциплини, со што стигна до својот прв златен медал на светските првенства. Холандската атлетичарка Џесика Шилдер се закити со злато во фрлање ѓуле со резултат од 20,29 метри, и тоа во последната, шеста серија. Во фрлање копје за жени, златото замина кај Еквадорката Џулеси Анхуло со далечина од 65,12 метри.
Вчера на програмата беше последниот натпреварувачки ден на СП 2025 во Токио, проследено на моменти со силен дожд, кој ги попречуваше натпреварувачите. Г.И.