Фото: Пиксабеј

ИОК

Организаторите на Летните олимписки игри (ЛОИ) и на Параолимписките игри (ПОИ) во Лос Анџелес во 2028 година објавија детали за своите официјални програми за продажба на билети и пакети за гостопримство. Регистрацијата за билети за ЛОИ ќе почне во јануари в година, а гледачите ќе имаат пристап до билети преку различни опции. Ќе има единечни билети од 28 долари, со ран пристап до билети за локалното население околу градовите во кои се одржуваат Игрите, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Општиот период за регистрација за купување билети ќе се отвори во јануари 2026 година, пристапот до билети ќе се одреди преку процес на извлекување. Официјалните пакети за гостопримство се по принципот „прв дојден, прв услужен“, а ќе понудат различни опции што вклучуваат билети, кои вклучуваат приспособени бенефиции, како што се гарантирано сместување, официјални опции за превоз, премиум седишта и искуства во и надвор од местото на одржување преку официјални пакети за гостопримство на ЛОИ, пишува ИОК. Влезниците за Параолимписките игри ќе бидат во продажба во 2027 година. Н.М.