Ѓорческа се пласира во четврт-финалето

ТЕНИС – ТУРНИР ВО КУРШУМЛИСКА БАЊА

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во четврт-финалето на турнирот (вкупен награден фонд од 60.000 долари) што се игра на земјена подлога во Куршумлиска Бања (Србија), со победата на дуелот од осминафиналето со Анастасиа Золотарева со 6-0, 6-3, за вкупно еден час и 15 минути игра.

Ѓорческа, која е втора носителка на турнирот, во првото коло ја победи Ели Шоп со 6-4, 7-6, а за пласман во полуфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања ќе се сретне со победничката на натпреварот помеѓу осмата носителка Лили Тагер и Тена Лукас. Н.М.