Русија и Украина денеска разменија по 84 воени заробеници, со посредство на Обединетите Арапски Емирати, објави руското Министерство за одбрана.
– Во моментов, рускиот воен персонал се наоѓа на територијата на Република Белорусија, каде што добива потребна психолошка и медицинска помош – наведува Министерството во соопштение на каналот Телеграм.
По пристигнувањето во Русија, тие ќе бидат подложени на рехабилитација и лекување во воено-медицински установи, се додава во соопштението.