Фото:Ка.М

Со цел заштита на стандардот на граѓаните, особено во септември, кој е еден од потешките месеци во кои домаќинствата имаат зголемени трошоци, заради почетокот на учебната година, Владата донесе одлука за воведување на мерката „Училишна кошница“, која ќе трае од 15 август до 15 септември 2025 и производите ќе се продаваат по ограничена цена, односно намалена.

Промовирајќи ја кошницата денеска во Прилеп, заменик министерот за економија
Марјан Ристески, посочи дека по втор пат се реализира мерката и со неа ќе се опфатат и студентите.

– Цел месец ќе трае кошницата, а ќе бидат опфатени сите училишни материјали,
сите книжарници и сите маркети каде има училишен прибор. Во трговијата на големо
цените ќе бидат намалени за 10 проценти, в во трговијата на мало 15 проценти. Се очекува заштедата годинава да биде од 800 до 2000 денари по ученик. Целта е да се намалат трошоците на домаѓинствата. Од утре ќе биде на терен пазарниот инспекторат, и доколку има пропусти ќе има казни – рече заменик министерот Ристески.

Казните се од 800 до 1.000 евра во зависност од големината на правните субјекти, а
трговските објекти треба да ги одбележат производите со цени на кои ќе го има логото
„Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Ка.М.