Фото: МИА

Претседателот на Италија, Серџо Матарела упати денеска порака по повод 80-годишнината од нуклеарното бомбардирање на Хирошима, во која оцени дека нападите врз Хирошима и Нагасаки претставуваат „апокалиптичен случај“.

– Тие трагични случувања и повеќекратните страдања кои преживеаните ги поднесуваа со години по експлозиите остануваат опомена за човештвото кои не смее да се заборават – рече Матарела, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Тој предупреди дека во современиот свет, кој е обележан со војни, растечки тензии и конфликти, мора цврсто да се нагласи дека употребата, па дури и конретната закана од употреба, на нуклеарно оружје би претставувала злосторство против човештвото.