Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции денеска околу 8 часот наутро го лишиле од слобода А.С. (45) од село Горно Палчиште, општина Боговиње, кај кого биле запленети цигари и тутун без бандероли.
-При контрола на патничко возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се 49 кутии со филтри за цигари, 70 штеки со по 10 кутии цигари, 19 машинки за полнење на цигари и 98 килограми дробен тутун – стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи..
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 278-б и член 279 од Кривичниот законик.