Фото: ЦГТН

КИНЕСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ СО КОЛОСАЛЕН ПРЕДИЗВИК

Бразил и Кина потпишаа меморандум за разбирање што предвидува студија за изводливост за изградба на железничка линија од атлантскиот брег на Бразил до тихоокеанскиот брег на Перу, објави во вторникот бразилското Министерство за транспорт.
Изградбата на железницата се разгледува како дел од подобрувањето на стратешката извозна рута, објави бразилското министерство. Координацијата на проектот и спроведувањето на студијата за изводливост и студиите за животна средина ќе ја преземат бразилското Министерство за транспорт и Кинескиот железнички институт за економски истражувања и планирање, кој работи во рамките на Групацијата на државни железници на Кина, се наведува во соопштението.
– Студијата за изводливост ќе опфати технички, економски, логистички и други фактори за да се обезбеди долгорочна одржливост на трасата – објасни министерството.
Според проектот, железницата треба да поминува низ бразилските држави Баија, Гојаш, Мато Гросо, Рондонија и Акре и да завршува во перуанското пристаниште Чанкај, со што ќе се поврзе Атлантски Океан со Тихи Океан.
Отворањето на пристаништето Чангкаи во Перу го разгоре интересот на Бразил за продлабочување на врските со Кина, изјави во средата за „Глобал тајмс“ Ванг Јуминг, директор на Институтот за земји во развој при Кинескиот институт за меѓународни студии во Пекинг.