Teksas poplavi
Фото: ЕПА

Бројот на загинати луѓе во поплавите, што ја погодија американската сојузна држава Тексас на 4 јули, се искачи на 51, а десет лица се водат за исчезнати.

Во округот Кар потврдена е смрт на 43 луѓе од кои 15 се деца, кои посетувале христијански летен камп за девојчиња на брегот на реката Гвадалупе.

Поплавите беа предизвикани од ненадејна бура што предизвика излевање на реката Гвадалупе во централен Тексас, околу 140 километри северозападно од Сан Антонио.