Американскиот претседател Доналд Трамп ги продолжи вонредните мерки за Западен Балкан
На 26 јуни 2001 година, Буш издаде извршна наредба во која се наведува дека интересите на САД се загрозени од поединци и организации во Босна и Херцеговина, Македонија и Косово. Наредбата предвидува голем број правни последици, вклучувајќи блокирање средства, забрана за влез во САД и финансиски трансакции за обвинетите од Хаг и околу 150 лица и организации поврзани со обвинетите за воени злосторства, терористички организации или поткопување на Дејтонскиот мировен договор. Вашингтон верува дека овие лица ги загрозуваат мирот и процесот на стабилизација во регионот. Врз основа на таа одредба на Буш од 2001 година е формирана таканаречената црна листа на лица и организации со кои на американската влада и компании им е забрането да соработуваат и чии средства и финансиски трансакции се блокирани во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша одлуката за Западен Балкан со која се продолжуваат за една година вонредните мерки што поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш ги донесе пред 16 години, објави американската влада.
Одлуката, меѓу другото, вклучува објавување на таканаречените црни листи на лица и организации под санкции на САД поради кршење на Дејтонскиот мировен договор и загрозување на националната безбедност и интереси на САД. Трамп ги продолжи мерките за уште една година, а тоа го стори и во претходниот мандат, во 2017 година, како и неговите претходници на претседателската функција.
За потсетување, на 26 јуни 2001 година Буш издаде извршна наредба во која се наведува дека интересите на САД се загрозени од поединци и организации во Босна и Херцеговина, Македонија и Косово. Наредбата предвидува голем број правни последици, вклучувајќи блокирање средства, забрана за влез во САД и финансиски трансакции за обвинетите од Хаг и околу 150 лица и организации поврзани со обвинетите за воени злосторства, терористички организации или поткопување на Дејтонскиот мировен договор.
Вашингтон верува дека овие лица ги загрозуваат мирот и процесот на стабилизација во регионот.
– Заканата што се гледа во постапките на лицата што се вклучени, помагаат или финансираат екстремистичко насилство во Македонија и на други места во Западен Балкан или во попречувањето на спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор и резолуцијата на ОН во Косово, не е отстранета – се наведува во одлуката што, по Буш, Барак Обама и Џо Бајден, ја потпиша и Трамп.
Врз основа на таа одредба на Буш од 2001 година е формирана таканаречената црна листа на лица и организации со кои на американската влада и компании им е забрането да соработуваат и чии средства и финансиски трансакции се блокирани во САД.
Листата, која ги вбројува лицата вклучени во оваа одлука, како и други од сличен тип, ја објавува Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), која работи во рамките на Министерството за финансии на САД.
Досега САД на својата листа на санкции ставија десетици лица од Западен Балкан. Доста често станува збор за владини претставници и луѓе на власт.
Во земјите од Западен Балкан, најсанкционирани се во Босна и Херцеговина и Србија.
Инаку, САД воведуваат санкции врз поединци и компании врз основа на глобалниот закон Магнитски за кршење на човековите права и забрануваат секаков бизнис со компании што нелегално стекнале капитал.
Според овој закон, Соединетите Американски Држави се насочени кон поединци поврзани со сериозни злоупотреби на човековите права или корупција. Сите средства на санкционирано лице што се наоѓа во САД се замрзнати. Покрај тоа, сите компании поврзани со нив се исто така блокирани. Р.С.