Најновите мировни напори на американскиот претседател Доналд Трамп се успешни, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, коментирајќи го прекинот на војната меѓу Израел и Иран – објави унгарската новинска агенција MТИ.
– По решавањето на пакистанско-индискиот конфликт, оружјето веќе молчи во војната меѓу Израел и Иран, така што дојде време да се поддржи политиката на американскиот претседател кон Украина – објави Сијарто денеска на Фејсбук.
Тој посочува дека примирјето ќе спречи понатамошно крвопролевање, уништување и закана од нуклеарна ескалација.
– Се надеваме дека прекинот на огнот ќе се покаже како траен – посочува Сијарто.
Потенцира дека мировните напори на Трамп во Украина исто така заслужуваат целосна поддршка од сите.