За првпат во прилепската болница „Борка Талески“ на одделението за ортопедија и трауматологија направена е артропластика на главата на радиусот кај 37-годишен пациент, кај кој по скршеница во предел на лактот имало нефукционалност на зглобот и ограничени движења и потешкотии во движењето на раката. Операцијата, која ја извршија докторите Кире Јоноски и Игор Мерџаноски, отвора ново поле за работа на болницата во Прилеп.
– Операцијата ја извршиме со цел воведување на нови современи техники за третман на пациенти. Операцијата помина уредно, а пациентот се чувствува добро, вратена е функцијата на раката по поставената протеза на радиусот. Како тим од ортопедско трауматолошкото одделение се надеваме дека со континуирана едукација и воведување на нови методи на лекување во иднина ќе придонесеме поголем број пациенти да се лечат тука во нашата болница и пациентите да ги избегнуваат трошоците, за упатување на клиниките во Скопје или во странство – изјави денеска Кире Јоноски, директор на прилепската болница.
Ка.М.