Фото: Маја Јаневска-Илиева

Продолжуваат интензивните инспекциски контроли и увиди на терен во објектите на територијата на општината Битола. Акцентот, пред сѐ, е ставен на образовните објекти, односно на градинките и училиштата, во насока на зголемување на безбедноста и континуираната грижа за најмладите, во заедничка соработка и консултација со Дирекцијата за заштита и спасување.