Фото: Пиксабеј

Домување

Летните денови и топлите месеци се пред нас, а тие обично носат со себе непријатни гости што никој не ги сака во своите домови – лебарки, муви, мравки… Наместо да посегнувате по груби хемикалии полни со штетни испарувања, постои едноставно и природно решение што можете да го приготвите дома. Овој домашен спреј не само што е безбеден за вашето семејство и домашни миленици туку е и исклучително ефикасен, а содржи состојки што веројатно веќе ги имате во вашата кујна. Рецептот за природен спреј против инсекти комбинира моќни мириси и состојки што инсектите ги мразат – каранфилче, сода бикарбона и лавров лист. Тоа е природен репелент, кој создава заштитна бариера на местата каде што инсектите најчесто влегуваат во вашиот дом.
Состојки: 1 дланка сушени каранфилчиња, 2 лажици сода бикарбона, 2-3 суви лаврови листа и 500 мл вода. Загрејте околу половина литар вода во тенџере и додајте една дланка каранфилче. Оставете го да крчка на тивок оган додека водата не ја промени бојата – ќе стане темнокафеава, што значи дека есенцијалните масла од каранфилчето се префрлиле во водата. Тргнете го од шпоретот, оставете го малку да се олади, а потоа додајте две лажици сода бикарбона и лавров лист. Добро измешајте. Процедете ја течноста и истурете ја во чисто шише со распрскувач. Прскајте го овој раствор на сите места каде што сте забележале присуство на инсекти или на потенцијални влезни точки: околу влезната врата, прозорците, по рабовите на радијаторите, околу одводите и цевките во кујната и во бањата. Можете да го користите и на терасата или во шпајзот. Спрејот не остава траги и има пријатен зачинет мирис.