Фото: Маја Јаневска-Илиева

ШАХ

Украинката Ана Музичук (2.526 рејтинг-поени) триумфира на шестиот Гранпри-турнир (ФИДЕ) за жени во австрискиот град Грослобминг по тајбрејкот против Жу Џинер (2.541) од Кина. По овој турнир, Џинер и Русинката Александра Горјачкина обезбедија место на Турнирот за кандидатки во 2026 година. На Гранпри-турнирот во Австрија настапија Џинер, Тан Жонгји, Ана Музичук, Нана Џагнидѕе, Марија Музичук, Александра Костењук, Ваишали Рамешбабу, Лела Џавахишвили, Олга Баделка и Нурѓул Салимова. Постојат и други можности да се стигне до Турнирот на кандидатките, вклучувајќи ги Светскиот куп за жени (три места), Големото швајцарско првенство (две) и првото место во серијата на ФИДЕ за сезоната 2024/2025. Табела на Гранпри-серијата 2024/2025: Џинер 352,5 поени, Горјачкина 308,34, Ана Музичук 306,67, Химпи Конеру 279,17, Жонгји 255 поени… Г.И.