Од вечерва до сабота во киното „Мис Стон“ при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржува третото издание на фестивалот „Winter Apricots“.
Овогодинешното издание носи и доста новитети, бидејќи филмската програма е кохезивна и се состои исклучиво од кратки филмови.
Прикажувањето на 10-те финалисти од официјалната селекција, што воедно е и јадрото на фестивалот ќе биде во петок и сабота навечер.
Придружната програма, која започнува вечерва ги нуди Денс-филмовите од Италијанскиот фестивал Stories We Dance и две други натпреварувачки селекции.
Тематската селекција која што за свој фокус ќе има Патишта и Национална селекција за која што публиката ќе го изгласа најдобриот краток Македонски филм.
Година ќе има и два големи и значајни моменти посветени на музиката. Вечерва е „Звуците на Филмот: Прајснер со Дуња Иванова“, а утревечер е големата завршна церемонија на која што ќе бидат прогласени победниците, како и за крај, концерт на бендот Калевала.
Ка.М.