фото: Маја Јаневска - Илиева

По повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот

Свежо цвеќе пред споменикот „9 мај“, во чест на Денот на победата над фашизмот и 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, положија амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, високи претставници од кинеската амбасада, како и голем број гости.

Спомен-обележјето на борците на антихитлеровата коалиција, донација од Амбасадата на Руската Федерација во земјава, е подигнато во сеќавање на милионите војници што ги положија своите животи во име на мирот и слободата.
Со оддавање почит на загинатите во Втората светска војна и со пораки за продолжување на пријателството меѓу двата народи, македонскиот и рускиот, Стоилковиќ и Баздникин ги повторија заложбите за унапредување на соработката и партнерството помеѓу Македонија од една и Руската Федерација од друга страна.