На него фигурираат 35 имиња, од кои ќе се бараат оние што ќе настапат против Естонија во Талин и против Литванија во Скопје
РАКОМЕТ
Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширок список на ракометари пред одигрувањето на последните две кола од квалификациите за Европското првенство (ЕП), кое ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2026 година во Данска, Норвешка и во Шведска. На списокот фигурираат 35 имиња, од кои ќе се бараат оние што ќе настапат против Естонија во Талин на 8 мај (18 ч.) и против Литванија на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје (18 ч.). Имињата се речиси стандардни, освен што ги нема повредените Марко Митев, Цветан Кузмановски и Никола Костески.
Црвено-жолтите за пласман на ЕП 2026 преку првите две места на табелата во групата еден во мај, треба да ги победат Естонија на гости и Литванија дома со три гола разлика, а притоа Словенија да ја победи Литванија на гости. Првите две селекции од секоја од осумте квалификациски групи и четири најдобри меѓу третопласираните обезбедуваат пласман на ЕП 2026. Досега седум репрезентации обезбедија учество, домаќините, европскиот првак Франција, како и Словенија (група еден), Исланд (група три) и Хрватска (група пет).
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Иван Галевски. КРИЛА: Ненад Костески, Александар Петковски, Ален Ќосески, Димитар Узунчев, Иван Џонов, Гоце Ојлески, Петар Атанасијевиќ, Димитар Димитриоски. БЕКОВИ: Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Филип Талески, Дамјан Митев, Емилијан Ѓорговски, Игор Ѓоргиев, Мартин Карапалевски, Мартин Ивановски, Марио Танкоски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриноски, Михаил Иваноски, Филип Николов, Давид Савревски. ПИКЕРИ: Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Валентин Карасманакис, Марко Стојковиќ, Самоил Ристески. ДЕФАНЗИВЦИ: Никола Маркоски, Михаил Аларов, Михајло Младеновиќ. Г.И.