Фото: Пиксабеј

Велигден е најголемиот христијански празник, а на тој ден вообичаено е да се праќаат честитки и на мобилни телефони и преку социјалните мрежи. Во куќата, домаќините се бакнуваат и си честитаат со зборовите „Христос воскресна“ и „Навистина воскресна“. На многумина им се допаѓаат и црковнословенските изрази, кои гласат „Христос воскресе“ и „Воистина воскресе“, а честитањето на овој празник е дел од старата традиција, која уште се нарекува и „крштавање“. Колку долго можеме да го славиме Велигден? Ако не се сетиме да испратиме честитка на самиот Велигден, уште колку дена можеме да ја испратиме оваа прекрасна христијанска честитка?
Според црковните правила, не е доцна да се честита Велигден до Вознесението Христово, кое годинава се паѓа на 13 јуни. Според учењето, тој ден Христос се вознел на небото, како што посведочиле неговите апостоли. Неделата по Велигден се нарекува Светла недела, а секој ден во црквите се служи литургија како на Велигден. Затоа можете слободно да испратите честитки и тие денови.