Фото: Маја Јаневска-Илиева

На дуелот во Скопје пред околу 25.000 гледачи присуствуваа и голем број легенди на двата клуба, кои беа поздравени од публиката помеѓу двете полувремиња

ФУДБАЛ

Фудбалерите на Вардар и на Црвена звезда (Србија) одиграа хуманитарен натпревар во чест на жртвите од трагедијата во Кочани, во кој на арената „Тодор Проески“ во Скопје двата тима испраќајќи моќна порака помогнаа да се соберат средства за семејствата на настраданите.
На дуелот пред околу 25.000 гледачи Вардар поведе со голот на Михаил Маневски, погодок што фудбалерот на „црвено-црните“ го посвети на една од жртвите во Кочани, поранешниот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров, а потоа Црвена звезда постигна три гола, преку Лука Илиќ, Александар Катаи и Урош Сремчевиќ.
На средбата во Скопје присуствуваа и голем број легенди на двата клуба, како на пример Кочо Димитровски, Ѓоре Јовановски, Стојмир Урошевиќ, Сашо Тодоровски, Вујадин Станојковиќ, Ванчо Балевски, Бобан Бабунски, Коки Аврамовски, Зоран Бошковски, Илија Најдоски, Горан Попов, Драган Канатларовски, Бошко Ѓуровски, Жарко Ѓуровиќ, Владимир Петровиќ, Цвјетин Благојевиќ, Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Јовица Николиќ, Станислав Караси…, кои беа поздравени од публиката помеѓу двете полувремиња. Н.М.