Фото: МИА

На седум од вкупно 24 лица, осомничени за пожарот во Кочани, мерката ефективен притвор им се заменува со мерка куќен притвор – информираат од Основниот суд Кочани.

-По поднесените предлози за определување на мерка притвор а врз основа на донесена Наредба за истражна постапка Ко бр.180/25 од 20.03.2025 година  на ОЈО Кочани, од страна на Судија на претходна постапка беа определени вкупно 24-дваесет и четири  мерки за обезбедување на присуство –притвор, од кои по изјавена жалба од осомничените преку нивните бранители изречената мерка притвор беше замената со мерка куќен притвор за тројца осомничени, а  во понатамошниот тек од постапката  по даден предлог на ОЈО Кочани за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор за 4-четири осомничени беше определена мерка куќен притвор – се вели во соопштението објавено на веб страницата од Судот.

Спрема сите осомничени по дадените предлози за определување мерка за присуство по донесената Наредба за спроведување на истражна постапка Ко бр.180/25 од 20.03.2025 година од страна на ОЈО Кочани, беше доставен предлог за продолжување на овие изречени мерки до Основен суд Кочани и по вака изјавените предлози за продолжување на претходно определените мерки за обезбедување на присуство се постапува во определените законски рокови.

-По поднесените предлози за определување на мерки за обезбедување на присуство а врз основа на донесена Наредба за проширување на истражна постапка за нови лица  Ко бр.180/25 од 12.04.2025 година  на ОЈО Кочани, спрема 19-деветнаесет  осомничени од кои за 4-четири осомничени беше предложена мерка притвор која со решение на Судијата на претходна постапка беше определена спрема истите, спрема 8-осум од осомничените беше предложена мерка куќен притвор, истата Судијата на претходна постапка беше определена спрема овие 8-осум осомничени, додека спрема 7-седум осомничени беа предложени мерки на претпазливост и истите со решение на претходна постапка се изречени спрема осомничените – се вели во соопштението од ОС Кочани.

По изјавени жалби од страна на осомничените, Советот при Основен суд Кочани постапува по истите во законски предвидениот рок и кога ќе бидат донесени одлуки од овој Совет, судот повторно ќе даде соопштение за исходот од постапувањето Советот од чл. 25 став 5 од ЗКП.

Според инфомациите на дел од медиумите, меѓу лицата на кои им е заменет притворот со куќен притвор, се и екс градоначалник на Кочани Љупчо Папазов и поранешниот директор на ДПИ Горан Трајковски, како и еден член од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“.