Фото: Пиксабеј

Кремљ соопшти дека денешната средба меѓу САД, Украина и европските земји во Париз е можност американскиот пратеник Стив Виткоф да ги информира Европејците за моменталниот статус на мировните преговори во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и Виткоф имале долг разговор минатата недела.

– САД продолжуваат да работат во оваа насока со Европејците и со Украинците. Меѓутоа, за жал, од Европејците гледаме дека тие се фокусирани исклучиво на продолжување на војната – рече Песков.

Високи украински претставници денеска пристигнаа во Париз, каде Европејците организираат средба на која ќе ја заштитат позицијата на Киев пред американскиот државен секретар Марко Рубио и американскиот пратеник Виткоф.