Фото: Љубчо Алексовски а

Празнични стихови на писателот Саво Костадиновски

Секогаш на Цветници,
верниците во секоја куќа,
пеат песни лазарски,
за здравје и среќа.

Со песните лазараски
Велигден го навестуваат.
На светиот, голем празник –
сите се радуваат.

Цветници

Саботата, наречена Лазарица,
го најавува денот убав,
се пеат лазарски песни,
од срце, со топла љубов.

Патот по кој минал Исус,
со цвеќиња послан бил,
по што име Цветници добил.

Сите се радуваат
на празникот драг,
а по една недела –
Велигден е на праг.

Велигден

Велигдену, ти славна славо,
на големата христијанска
вера,те празнуваме со срце
и душа и те сакаме со
бескрајна мера.

Христијански се
поздравуваме:
„Христос воскресе“!
– „Ваистина воскресе!“
со почит кон божјиот син,
кој спасение и надеж ни
донесе.

Се оди во црква, се пали
свеќа.
Се крсти пред сликата
на Христа.
Моли за здравје и среќа,
секој верник со душа чиста.
Се бојосуваат јајца
во црвена боја.
Крвта на Христос
ја симболизира таа.
Сите верници на
синот божји
почит му изразуваат
и оддаваат.


За авторот

Саво Костадиновски е македонски и германски поет, раскажувач, патописец, публицист, писател за деца и возрасни, препејувач.
Роден е во 1950 г., во с. Горно Ботуше, Македонски Брод. По катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, живее на повеќе места на просторот на бивша Југославија. Од 1971 година живее и работи во Келн, Германија. Завршил средно техничко училиште во Белград и трет степен за технички инженер во Келн.
Добитник е на наградата „Иселеничка грамота“ од Матицата на иселениците на Македонија, како и на награда од Сојузот на германските писатели.
Негови творби се објавувани во списанија за деца и возрасни во Македонија, а преведуван е на српски, хрватски, германски и на романски јазик. Застапен е во повеќе антологии.
Меѓу другите, автор е на делата: „Лето во родниот крај“, „Кафез без птици“, „Децата на светот“, „Македонски знаменитости“, „Со татковината“, „Трите века“, биографски хронолошки роман за возрасни, книгата „На Македонија со љубов“ и многу други.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година, а на Сојузот на писателите на Германија од 1993 година.