Ентони и Хауард беа објавени како членови на класата за 2025 година, како и машкиот кошаркарски тим на ЛОИ 2008 на САД во кој тие играа
КОШАРКА – НБА
Кармело Ентони и Двајт Хауард ќе влезат во Куќата на славните на кошарката годинава, не еднаш туку двапати, а Леброн Џејмс и Крис Пол се дел од групата што, исто така, се упати кон Куќата, дури и пред да заврши нивната играчка кариера, пишува НБА.
Ентони и Хауард беа објавени во саботата како членови на класата за 2025 година, како и машкиот кошаркарски тим на Летните олимписки игри (ЛОИ) на САД во 2008 година во кој тие играа, селекција што го освои златото на Игрите во Пекинг со која почна и уште трае серијата од пет последователни олимписки титули на САД. Избрани се и великаните на ВНБА-лигата за кошаркарки, Сју Бирд, Маја Мур и Силвија Фаулс, тренерот на Чикаго булс и двократен шампион во НЦАА, Били Донован, генералниот менаџер на Мајами, Мики Арисон, и долгогодишниот НБА-судија Дени Крафорд, пишува НБА.
Изборот на репрезентацијата значи дека Двејн Вејд, Крис Бош, Џејсон Кид и Коби Брајант, кои веќе се во Куќата на славните, сега влегуваат вторпат. Џејмс и Пол, кои очигледно и двајцата ќе влезат во Куќата откако ќе се пензионираат, исто така, играа за тој олимписки тим, како и Мајкл Ред, Карлос Бузер, Дерон Вилијамс и Тејшаун Принс, пишува НБА. Н.М.