Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските производи почнувајќи од денеска како одговор на тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од телевизијата Си-би-си.
-Доколку стапат во сила царините на Соединетите држави, Канада ќе одговори од полноќ со воведување царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари – се вели во изјавата на канадскиот премиер.
-Канада нема да ја остави оваа неоправдана одлука без одговор – рече Трудо.
Тој ја повика американската администрација да ги преиспита своите тарифи и рече дека Канада „останува непоколеблива“ во одбрана на својата економија, работни места и работници.
-Нашите тарифи ќе останат на сила се додека не се укинат американските трговски дејствија, а ако не се укинат американските тарифи, ние сме во активни дискусии со провинциите и териториите за спроведување на неколку нетарифни мерки – рече тој.