Фото: ГБ „Браќа Миладиновци“-Скопје

Фотовест

Ученици од второ в одделение од ООУ „Коле Неделковски“ во скопската општина Центар, неодамна беа во посета на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Се запознаа со работата на библиотеката, дознаа која е разликата меѓу библиотека и книжарница, за редоследот на книгите и начинот како можат да се зачленат.
Ги посетија читалницата на библиотеката и работилницата каде што се обработуваат оштетените книги со нови корици.
Оваа посета беше едно ново искуство за да можат учениците да се запознаат со разни видови литература.
Се надеваме ќе имаме уште многу заеднички испишани и прочитани приказни, велат од библиотеката.