- А сегашниот грб? Велат е „комунистички“, а јас не гледам ништо такво. Има природа, зраци и можеби рурален елемент (жито). Се согласувам – тоа е имитација на другите југословенски грбови, а сега сакаме да ја анихилираме Југославија од секоја клетка на мозокот. Бидејќи сум од партизанско и функционерско семејство во фокусот на информациите (може и да ме мразите за тоа, бидејќи така ве воспитуваат, пукнете) – тогаш е формирана Република Македонија (без „северна“), изградија фабрики, канали, пруги, патишта, храна за цела Југославија и околу, силна армија и углед што не можеме ни да ги сонуваме сега. Платите беа 20-30 пати поголеми од сега. Медицината беше на тогашно светско ниво, хигиената беше супериорен приоритет (санитарни инспекции како волци), а сега канализација се истура во Клиничкиот центар од северната ограда. Се разбира, причина се системот, меѓупартиска сепса и, би рекол, неморал. А одговорните фактори – ги боли „грпка“….
- А химната? Во почетокот не ми се допаѓаше, ама после ми се научи увцето. Можеби можеше да се додаде некое име– албанско како „балансерско“, ама тогаш ќе требаше и турско, ромско, српско… Замислете американската химна „балансерска“? Секаква промена сега е опасна, тектонска. Откажете се еднаш од тие болни етно-фаши-наци примитивизми и имбецилности, па мислите на вашите деца. Тие треба да живеат. Нѐ чекаат мамутски, морбидни проблеми – не дај боже војна. Европа е во болнички кревет, морибундна, со гангрена (Украина) и со фашизоидни дадилки, а Трамп има други „весели долини“ за игра, поважни од нас
Повеќе сакам да пишувам на други теми освен за политиката, но има два фактора зошто како расипана плоча повторно се враќам на исто. Прво, тоа го бараат моите пријатели, велат „остави ги тие досадни теми за науката, медицината или Блискиот Исток, дај нешто актуелно“. Второ, темите сами „во волеј“ ми налетуваат како рафали. Значи, сега темата е новиот специјалитет – грб, знаме, химна.
Лавот ми се допаѓал секогаш и, како дете, најпрвин одев кај лавот во зоолошката градина. Стручњаци велат дека тој е симбол на храброст, сила, кралство, империја, племство, државност уште во Месопотамија. Дали сме ние таква грамотна сила што искрено заслужува еден од овие атрибути (освен државност, која е исто под знак прашалник). А што вели чаршијата? – Тоа е бугарски симбол. Го има како статуи во бугарскиот парламент, театарот „Вазов“, Судската палата, Терново итн. Него го воведе кај нас „патриотската“ група на премиерот Љубчо Георгиевски, кој знаете кого сака и колку ја сака Македонија. Мислев дека лавот го вметнува заради Александар, а тој на Бугарчињата им се мазел. Не грижи се, Љубе, има и други како тебе. Каков срам за Александар! Народи што го имаат лавот како симбол се антички (Вавилон, Египет, Африка, Атина, Александар, Јудеа), Германи (5 век), Бугарија (среден век), Анжу (12 век), Ерменија, Белгија, Англија, Етиопија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Финска, Шри Ланка, Шкотска, Сиера Леоне итн. (Neubecker, Stefan Oliver, Fox-Davies, Матковски, Bosworth – Alexander). Сепак, лавот ми се допаѓа од уметнички аспект и животно што одумира.
А сегашниот грб? Велат е „комунистички“, а јас не гледам ништо такво (за комунизмот сакам во иднина да пишувам поопширно). Има природа, зраци и можеби рурален елемент (жито). Се согласувам – тоа е имитација на другите југословенски грбови, а сега сакаме да ја анихилираме Југославија од секоја клетка на мозокот. Бидејќи сум од партизанско и функционерско семејство во фокусот на информациите (може и да ме мразите за тоа, бидејќи така ве воспитуваат, пукнете) – тогаш е формирана Република Македонија (без „северна“), изградија фабрики, канали, пруги, патишта, храна за цела Југославија и околу, силна армија и углед што не можеме ни да ги сонуваме сега. Платите беа 20-30 пати поголеми од сега. Медицината беше на тогашно светско ниво, хигиената беше супериорен приоритет (санитарни инспекции како волци), а сега канализација се истура во Клиничкиот центар од северната ограда. Се разбира, причина се системот, меѓупартиска сепса и, би рекол, неморал. А одговорните фактори – ги боли „грпка“… Сега, освен генерална беда, продуцираме мафија, наркоси и вештачки хиперхипершовинизам, кој може да нѐ бутне во светска војна. Од сета беда, грбот е „главниот“ проблем. Браво, бе лидери! Е па, драги мои, ако наместо лав земеме рис – тоа е „грпче“, што би рекол татко ми „од коњ на магаре“. Ситно Циле. Да напишеме „мјау, мјау“. Ме потсетува на старите Том и Џери, каде што во шпицата лавот од „Метро Голдвин Маер“ го замениле со мачка. Па, тоа сме ние – карикатура. Смешка. Мувла. Лилипут. Да ставиме мравки или бактерии на државниот грб. Може и кокошка (спремна за клање). Ниско браќа и сестри, ниско. Ако ставиме орли – тоа ќе биде „грпка“. Грпката е сериозна болест – вродена, или од тешка остеопороза, Бехтерев, или стари тешки болести – туберкулоза, сифилис, или траума. Од партизаните научив дека само жесток отпор ги одбива балистите (орлите). Ако е „млак“ отпорот – балистите напаѓаат и те гонат до смрт. Клање. Значи, за да немаш грпка – мораш да нападнеш жестоко. Ако се повлекуваш – мртов си (велат народните херои Џуро Брајевиќ и Чеде Филиповски). Сега – генијалци сме за самоосакатување, самопонижување, самосрамотење и самоодерување.. Да, да – комшиите тоа го посакуваат, а ние се местиме. Орлите не се албански симбол, туку стар месопотамиски, па римски (исто како сегашните орли), руски, српски итн. Да – тоа се империи. Не е до орлите, туку до расипаноста на политиката. Смрди. Гнас. Ама чаршијата вели дека политичарите не се глупи. Тие сакаат да жнеат (така велат тие) – на пример милион и пол пасоши по илјада или пет илјади денари, тоа се милиончиња евра.
Гладни се сиротките. Што би рекол Елвис – лав ми пари и Бугари. Така вели народот, а јас го почитувам. Ааааа – можеби е тоа предизборна филмска ревија? Инсценираат меѓупартиски канибализам. Партиите се со заеднички именител – импотенција за вистинските проблеми.
А химната? Во почетокот не ми се допаѓаше, ама после ми се научи увцето. Можеби можеше да се додаде некое име – албанско како „балансерско“, ама тогаш ќе требаше и турско, ромско, српско… Замислете американската химна „балансерска“? Секаква промена сега е опасна, тектонска. Откажете се еднаш од тие болни етно-фаши-наци примитивизми и имбецилности, па мислите на вашите деца. Тие треба да живеат. Нѐ чекаат мамутски, морбидни проблеми – не дај боже војна. Европа е во болнички кревет, морибундна, со гангрена (Украина) и со фашизоидни дадилки, а Трамп има други „весели долини“ за игра, поважни од нас.
Професор д-р Самуел Колономос Садикарио